62-годишен маж од Грузија си го пронашол изгубеното куче на улица по 3 години трагање (видео)
- Детали
- петок, 12 октомври 2018
Giorgi Bereziani е 62-годишен маж од Грузија кој мислел дека го загубил неговиот најдобар пријател засекогаш.
Giorgi го изгубил неговото куче Jorge во 2015-та и 3 години трагал низ улиците на главниот град и барал помош од сите за да го најде.
По неколкугодишно залудно трагање, тој добил телефонски повик месецов од работник во Театарот за опера и балет во Тбилиси, кој забележал куче кое се шета наоколу и наликува на тоа од описот.
Giorgi веднаш отишол во тој дел од градот и го снимил моментот кога го нашол кучело стуткано под дрво и го довикал по име.
На видеото може да се забележи дека кучето не само што реагира на довикувањето на Giorgi, туку и го препознава и почнува да се радува, фрлајќи се во него.
Радоста на сопственикот е неизмерна, а по средбата, тој го носи своето куче дома и го запознава со уште повеќе членови од семејството, но непознато е каде бил миленикот изминатите 3 години.
Сепак, најважно е дека сега е повторно дома.
Погледнете го видеото од средбата (1:40):
М. М. | Црнобело