Половина град живее во екстремна сиромаштија, а половина град се „капе“ во пари (фото)
- Детали
- среда, 03 октомври 2018
Фото-серијалот „Unequal Scenes“ направен од дрон прикажува тажна реалност.
Мумбај е град каде не постои баланс. Со проценето богатство од 950 милијарди долари тој се смета за 12-ти најбогат град на светот и е пред урбаните центри од типот на Париз и Торонто.
Но, богатството е концентрирано кај големиот број на индиски милијардери, а од друга страна половина град живее во екстремна сиромаштија.
Постојат области во Мумбај каде нема чиста вода, често снемува струја и не функционира јавниот превоз. Околу 6.5 милиони луѓе живеат во вакви ужасни околности.
Во овој индиски град разликата помеѓу сиромашните и богатите е дојдена до екстремно ниво.
Прочитајте и Живот во кафез: Како изгледаат најмалите станови на светот?
Фото-серијалот „Unequal Scenes“ направен од дрон ја прикажува нееднаквоста во Мумбај:
С. С. | Црнобело