Живот во кафез: Како изгледаат најмалите станови во светот?
- Детали
- понеделник, 07 март 2016
Човечката популација полека и сигурно се зголемува, но Земјата не станува поголема. Тоа значи дека нашиот дом за живеење мора да стане помал.
Некои луѓе сè уште можат да живеат удобно, а некои поради густината на населението во земјата во која живеат, сиромаштијата или личните обврски, мораат да живеат во екстремно мали простори.
1. Ванг Чунчун има 90 години и живее со 60-годишниот син во стан од 10m2.
2. „China Vanke“ прикажува микро стан на саемот „River Delta Real Estate“.
3. Како изгледа внатрешноста на микро станот кој се прикажува на саемот?
4. Како и во сите други мали станови, ефикасно употребениот простор прави да изгледа малку поголем.
5. Семејството Бургер од Лос Анџелес, Калифорнија живее во гаража откако во 2009-та година биле принудени да продадат сè што поседуваат.
6. Дарави е место во центарот на Мумбај, Индија, каде живеат над милион жители.
7. Становите тука не се поголеми од 9,2m2.
8. Мајка во Кина живее во 5,5m2 и месечно троши 443 евра за да се издржува себеси и својот син.
9. За споредба, Џон-Кристијан Стаблфилд живее во стан од 18m2 во Сиетл, Вашингтон .
10. Тој вели дека „подобро е да живеете во центарот на градот за помалку од 1.200 долари“.
11. Со него се согласува и Сеунгчул Ју кој вели дека воопшто не му пречи што живее во стан од 18m2.
Уште 11 места на следната страна...