На мис Украина ѝ ја одземаа круната затоа што била разведена мајка
- Детали
- среда, 26 септември 2018
Понекогаш правилата навистина знаат да застанат на патот до остварување на соништата, а оваа ситуација е вистински пример за тоа.
Во четвртокот во Киев се одржа Изборот за мис на Украина, а Вероника Дидушенко победи и ја доби круната.
Сепак на 23-годишната прекрасна бринета круната ѝ беше одземена затоа што лажела за нејзиниот приватен живот во апликацијата.
Одговорните на изборот тврдат дека Вероника ги прекршила правилата кога се пријавила за натпреварувањето со тоа што била претходно мажена и имала деца. Во изборот имале право на учество само немажени девојки, без деца, а истите тие правила важат и на Мис на свет, каде Вероника ќе требаше да ја претставува Украина.
Вероника има 4-годишен син од кој воопшто не ни прикачувала фотографии на социјалните мрежи за да успее да дојде до титулата. Сепак, нејзините поддржувачи тврдат дека ова не е причина да ѝ се одзеде круната.
„Не сметам дека детето и семејството треба да бидат пречка во реализирањето на соништата. Време е да се променат правилата“, напиша една личност по скандалот со украинската мисица.
Од друга страна, други велат дека правилата се правила и се исти за сите, па така Вероника не смеела да ги прекршува.
Сега одговорните бараат нова Мис на Украина за 2018 и одлуката ќе ја кажат на 30-ти септември.
Што мислите за ова? Дали правилата за избор на мис се навистина бесмислени? Зарем мажена жена или мајка не може да биде најубавата жена на светот?
С. С. | Црнобело