Треба да чучнете за да си купите нешто - најсимпатичните „подрумски“ продавници се во Бугарија
- Детали
- недела, 16 септември 2018
Овие мини-продавнички кои во Бугарија се нарекуваат „Клек“ или во превод „Чучни“ опстојуваат до денес и покрај огромните синџири на популарни супер-маркети и пософистицирани продавници.
Се појавиле во доцните ’80-ти години, а продавачот е сместен во подрумска просторија или визба. За да купите нешто и да му платите треба буквално да чучнете пред нискиот излог, понекогаш на самото ниво со асфалтот.
Интересното нешто е што овие продавнички се прилични колоритни и го привлекуваат погледот со живописните накитени излози. Се продаваат најчесто ситни производи – цигари, кафе, сокчиња, грицки и весници.
Ќе ги пронајдете скоро во секоја уличка низ Софија, а благодарение на уметникот Ивајло Гетов и неговата серија фотки од „Клек“ продавничките, лесно може да го доживееме овој интересен феномен, преживеана реликвија од минатото која сè уште остварува профит.
Доколку патот ве наведе кон Софија, купете си нешто, со чучнување:
(О)Милена | Црнобело