„Најубавиот Starbucks во светот“ отворен во Милано, Италија (фото)
- Детали
- понеделник, 10 септември 2018
Starbucks на почетокот на септември направи огромно пробивање на италијанскиот пазар со отворањето на првата продавница во срцето на Милано.
Иако многумина беа скептични што американскиот ланец се отвора во земјата каде црното кафе е исклучително ценето, сепак по само неколку дена новоотворената продавница беше прогласена за успешна.
Едно еспресо во италијанското Starbucks ќе ве чини 1,80 евро, додека просечно капучино чини 4,50 евра.
The Starbucks Reserve Roastery во Милано е распространет на нешто повеќе од 2.300 метри квадратни, а ентериерот е уреден во боите и нијансите на кафето.
Се служат повеќе од 115 различни пијалаци и има вработено стотина бармени кои знаат да подготвуваат кафе на повеќе начини.
Мини прошетка низ фотографии во првиот Starbucks во Италија:
М. Д. | Црнобело