24-годишна Швеѓанка е на прагот да го има најголемиот задник во светот (фото)
- Детали
- четврток, 06 септември 2018
Некогаш била прекрасна девојка, а сега е комплетно изобличена од пластичните операции.
Наташа Кроун (24) од Шведска е одлучена да ја добие титулата најголем задник на светот, па затоа планира да направи четврта пластична операција за т.н. „бразилски задник“.
Таа сака салото од другите делови на телото да ѝ биде префрлено во пределот кај задникот, па затоа намерно се здебелила јадејќи тестенини, пици и благи работи. Наташа има цел задникот да ѝ достигне рекордни 228 сантиметри обем.
Смета дека е побезбедно ако операцијата ја направи со свое сало. Исто така, открива дека вежба секој ден за да има добра форма и вели дека се чувствува здраво.
Во едно неодамнешно интервју откри дека нејзиното семејство е загрижено за неа и нејзиното здравје, но таа е одлучна во својата идеја.
Инаку ако погледнете постари фотографии од неа ќе забележите дека таа била прекрасна девојка пред да почне со пластичните операции.
Дел од нејзините фотки:
С. С. | Црнобело