Фото доказ колку е различно да ја посетите Португалија во сезона и надвор од сезона
- Детали
- понеделник, 27 август 2018
Ако сакате да ја почувствувате величествената убавина на магичните катчиња во Португалија треба да ја посетите оваа држава надвор од сезона.
Туризмот цвета во Македонија, а сигурно и вам на социјалните мрежи ви осамнуваат фотки од Македонци што ја посетиле оваа прекрасна земја, особено во последниве неколку години.
Од 2011, па наваму Португалија стана една од најатрактивните туристички дестинации во светот. Бројот на луѓе што ја посетиле пораснал за 12.5 проценти од претходната година, а милиони туристи минуваат низ неа.
Книжарницата „Livraria Lello bookstore“ во Порто е една од најстарите книжарници во светот и неретко е прогласувана за една од најубавите, па токму затоа е задолжителна на листата на места за посета.
Но, во лето кога огромен број на туристи се туркаат да го видат ова катче историја чувството не е исто како кога ќе ја посетите книжарницата надвор од сезоната. Затоа размислете во кој период од годината е најдобро да ја посетите Португалија.
Овие две фотографии се доказ за драстичната разлика. Едната преполна со туристи во лето, додека другата кога библиотеката е празна во зима и кога нејзината величествена убавина доаѓа до израз.
Разликата е огромна, зарем не?
С. С. | Црнобело