Го победи ракот, стана пливач, доби олимписко злато и сега исплива 163 километри за 55 часа со хумана цел

Неговиот потег е храбар и инспиративен, но уште поинспиративно е како се справил со најтешкиот животен предизвик - ракот и како сака да им помогне и на другите кои се во иста ситуација. Секоја чест!

kako-izgleda-teloto-na-maz-po-163-isplivani-kilometri-i-55-chasa-vo-voda-foto-01.jpg

Maarten van der Weijden е холандски пливач, кој се соочил во сериозен животен предизвик уште пред да почне неговата кариера.

На само 19 години му бил дијагностициран рак, докторите не му давале добри прогнози и не верувале дека тој ќе се избори со леукемијата и ќе преживее.

Но, тој им докажал дека грешат. Не само што ја победил леукемијата, туку закрепнал брзо и сериозно започнал да се занимава со пливање, само две години по дијагнозата.

На изненадување на сите, неговата кариера вртоглаво напредувала и тој дури освоил олимписко злато во 2008 година во Кина.

Тој организирал настан за собирање на средства за борба против ракот и планирал да исплива 200 километри во текот на 3 дена, но поради настинка успевал да исплива 163 километри за 55 часа, со сосема кратки паузи за одмор.

Иако не стигнал до целта, неговата кампања за собирање средства била успешна и тој собрал 4 милиони долари за борба против ракот.

Запознајте го овој инспиративен млад човек и погледнете како изгледало неговото тело по 55 часа во вода:

Извор

Би можело да ве интересира:

„По 2 години повторно имаме секс со сопругот, но дознав дека тој флертува со 4 жени и фантазира за н... „Кога се соочив со сопругот, тој рече дека сум глупава, бидејќи сето тоа е само ...
„Имам 43 години и уште живеам во моите родители - зошто не сакам да се отселам?“ Mинрет Kаур (43) спие во истата соба од детството во домот на нејзините родители...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
Потег за восхит: Бразилец посадил 40.000 дрвја во Сао Паоло и направил зелена оаза среде градот (фот... Бизнисмен од Бразил поминал 20 години садејќи дрвја покрај брегот на река во Сао...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg