Како изгледа денес некогашниот најсуров затвор во светот? (фото)

Затворениците биле чувани во кафези и биле третирани како робови... Дали тоа е вистинскиот начин на рехабилитација?

kako-izgleda-denes-nekogashniot-najsurov-zatvor-na-svetot-foto-01.jpg

„Devil’s Island“ некогаш бил застрашувачки затвор полн со озлогласени затвореници. На островот Сент Џозеф бил затворот каде 60.000 затвореници се соочувале со најлоши можни услови.

Помеѓу 1852 и 1946 година затворениците се соочувале со самица, биле чувани во кафези и вршеле работа која претходно ја вршеле робови. Многу од нив умирале како последица на претепување, недостиг од храна и самоубиства. Други живееле со години во темни зандани без допир со светлина и контакт со луѓе.

За храна затворениците морале да ја ставаат главата низ решетките на кафезите за да добијат малку супа. Само по еден час на ден им била дозволена прошетка во заедничкиот простор, а во останатиот дел од времето престојувале во кафезите, каде неретко не смееле ниту да седнат, а не пак да прочитаат некоја книга или да се забавуваат на друг начин.

Ретко кој успевал да побегне, но дури и тие при обидот за бегство од островот биле јадени од ајкули и пирани во морето.

Сега затворот е напуштен, а природата влијаела врз него. Фотографот Romain Veillon отпатувал на островот за да овековечи дел од историјата и вели дека било претопло и се потел постојано.

Вели дека не може ниту да го замисли хоророт низ кој минувале затворениците таму.

Дел од неговите фотки од напуштениот затвор „Devil’s Island“:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg