Не се одвојува од скејтбордот и го живее максимално животот: 64-годишна баба на која секој тинејџер би ѝ завидувал
- Детали
- понеделник, 30 јули 2018
Сите си замислуваат дека кога ќе бидат пензионери ќе седат дома во широка домашна облека, гледајќи серии на телевизија.
Но, 64-годишната Лена Салмен од Финска, не се сложува со стереотипите и одлучила животот да го живее максимално, а не како здодевна баба.
Омилено хоби ѝ е возење скејтборд, паркур, бокс, пливање и други акробации, а понекогаш го поминува времето и во цртање графити.
Лена имала одлична кариера како спортски новинар и дури имала докторирано на ова поле.
Уште во детството таа сакала да плива, скока и трча, а бидејќи живеела неколку години во Лапонија, речиси секој ден скијала, па активниот животен стил не ѝ избледел ниту во староста.
Денес таа живее во Хелсинки и не се двои од нејзиниот омилен скејтборд, секој ден вежба нови трикови, а тајните ги споделува со момчињата во локалниот скејт парк.
Лена научила да вози скејтборд на 61 година, а вели дека никогаш не е доцна да се научи нешто ново и во секое нејзино хоби се чувствува самоуверено независно на годините.
Таа советува дека не треба никаде да се брза и дека животот е отворен за шанси кои треба да се користат.
Сега активната пензионерка води група на социјалните мрежи за постарите фанови на скејтборд низ светот и е среќна што може да комуницира со ентузијастични луѓе низ светот секојдневно и да споделуваат искуства.
Исцрпете инспирација од оваа жена и живејте го животот со полна пареа:
М. М. | Црнобело