Прегледот е со голи раце, трудниците не лежат при породување: 14 факти за бременоста во Северна Кореја

8. Абортусот е нелегален.

За разлика од мнозинството други држави, прекинот на бременоста не е законски дозволен во Северна Кореја. Постојат доктори кои се подготвени да им излезат во пресрет на трудниците, но спроведувањето на абортусот во тајност чини астрономска сума на пари, известува The Guardian.

На прашањето: ,,Што се случува со жените кои не сакаат да го задржат детето, или, пак, принудени се да ја прекинат бременоста поради опасност по здравјето?“, поставено од репортерите, директорката на гинеколошко-акушерската клиника во Пјонгјанг кусо одговорила: „Нема такви случаи.“

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-11.jpg

9. Жените не може двапати да се породат во истата болница.

Како што повеќепати спомнавме, најдобро опремената гинеколошко-акушерска клиника во Северна Кореја се наоѓа во Пјонгјанг. Доколку трудницата била доволно „среќна“ да се породи овде, веќе нема право уште еднаш да го направи тоа.

Постои правило според кое мора наредното дете да го роди во друга болница. Државата им препорачува на бремените жени да посетат некоја од регионалните клиники, под образложение дека нудат подеднакво квалитетни услови. Во реалноста не е така.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-12.jpeg

10. Немажените трудници ги третираат поразлично.

Кога слободни девојки ќе пристигнат во болница за потврдување на бременоста, вообичаено не ги примаат благонаклонето. Во Северна Кореја постои стигма за немажените трудници.

Според The Guardian, акушерите првин ги прашуваат пациентките за брачниот статус, а дури подоцна ја констатираат бременоста. Ако жената е немажена и трудна, сеедно ќе добие соодветна докторска нега, но нема да биде третирана баш позитивно.

Истиот извор додава и дека ваквите примери се навистина реткост во оваа земја.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-13.jpg

11. Девојките мора да го следат месечниот циклус за откривање на бременоста.

Доколку не ги снабдат со тест за бременост од црниот пазар, тогаш сѐ што им преостанува на жените во Северна Кореја е да се потпрат на своите менструални циклуси. Кога се сомневаат на бременост, може да отидат и на акушер.

Но, имајќи ја предвид лимитираната технологија во просечните болници, постои голема веројатност за грешки, предупредува The Guardian. Што значи тоа? На девојката може да ѝ изостане една менструација и да помисли дека е бремена, или, пак, доколку навистина е трудна, тогаш да не биде познат датумот на породување.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-14.jpg

12. Подоцна се одлучуваат за деца.

Поради нискиот животен стандард, сѐ помалку жители на Северна Кореја се решаваат да станат родители на рана возраст. Според The Guardian, младите жени плански го одложуваат мајчинството за подоцнежните години.

Тие го издржуваат семејството и се главен извор на приходи во домаќинството. Заработуваат продавајќи роба на црниот пазар, па за дете не ни помислуваат додека не се финансиски способни за си го дозволат.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-15.jpg

13. Родилките не се блиски со нивните деца.

Врската помеѓу мајката и бебето се остварува веднаш по породувањето. Фоторепортерка што ја посетила гинеколошко-акушерската клиника, пак, забележала дека таму родилките не се блиски со своите деца.

Напротив. Тие немале желба да ги гушнат и милуваат новороденчињата, туку биле дистанцирани и ладни, однесувајќи се како тие да не се нивни чеда.

Ги држеле на растојание од раката. Она што е непознато е како се развива понатамошниот однос помеѓу децата и мајките во Северна Кореја.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-16.jpg

14. Трудниците немаат ништо свое во породилиштето.

Пред заминување во болница, трудниците обично може да си земат средства за лична хигиена, книги, јадење и слични нешта согласно желбите и потребите. The Washington Post пишува дека ваквата пракса не постои во Северна Кореја.

При посета на едно од породилиштата, воочено било дека мајките немаат буквално ништо свое. Ни сопствена облека, ниту нивен сапун или шампон во бањата. Тоа значи дека на жените во оваа земја не им е дозволено да си спакуваат и понесат торба со лични предмети за последните денови од бременоста.

А, згора на сѐ, не им ги обезбедува ни болницата. Собите се речиси празни.

pregledot-e-so-goli-race-trudnicite-ne-lezhat-pri-poroduvanje-14-fakti-za-bremenosta-vo-severna-koreja-17.jpg

М. А. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбал во т...
Реклама за костим за капење го подели мислењето на жените: Маж носи женски модел (видео) „Иако моделот изгледа убаво, зарем овој модел не е за женски тела, со гради и сл...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Добив сепса додека бевме на одмор - мораа да ми ги ампутираат и рацете и нозете за да ме спасат“ „По девет недели во кома, лекарите ме разбудија. Најпрво бев во делириум и кажув...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg