Американка критикувана од јавноста: Крева тегови од 155kg во 8-иот месец од бременоста

Лили Стивенсон е мајка на две деца која во втората бременост редовно вежбала во теретана, и тоа кревајќи тегови од 155kg. Онлајн се соочи со многу критики, но тврди дека интензивните тренинзи се безбедни и дека се консултирала со лекар.

amerikanka-kritikuvana-od-javnosta-kreva-tegovi-od-155-kg-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-01.jpg

Факт е дека физичката активност е препорачлива за бремените жени, сè додека се чувствуваат удобно. Но, секако, постојат некои ограничувања, особено кога станува збор за поодмината бременост.

Бремените жени треба да се консултираат со лекар за нивните тренинзи и секогаш треба да го слушаат нивното тело. Односно, ако некоја вежба им е напорна, не треба да се форсираат.

Токму поради ова, Американката Лили Стивенсон се соочува со бојни критики.

23-годишната девојка е мајка на две деца која и во осмиот месец од бременоста вежбала.

Но, она што им пречи на многумина се нејзините тренинзи кои изгледаат премногу напорни дури и за жени кои не се бремени.

Таа кревала тегови од дури 155 килограми во 37-та недела од бременоста.

Лили вели дека почнала да вежба откако го добила првото дете и оттогаш одењето во теретана ѝ станало секојдневие.

Младата мајка тврди и дека се консултирала со лекар пред да почне со интензивни тренинзи во бременоста.

amerikanka-kritikuvana-od-javnosta-kreva-tegovi-od-155-kg-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-03.jpg

„Тогаш зборував со мојата докторка и продолжив да се консултирам со неа. Во бременоста бев анемична, па докторката беше загрижена дека ќе трошам многу енергија.

Ми рече да се осигурам дека ќе ја штедам енергијата за моето бебе. Во третиот триместар од втората бременоста, ми рече да се осигурам дека нема да се напрегам многу“.

И покрај советот од докторката, Лили вели дека има доволно енергија. На почетокот од бременоста одела во теретана петпати неделно, а при крајот на бременоста одела поретко, односно околу четирипати неделно.

„Се чувствувам моќно кога кревам тегови додека носам бебе. Многу луѓе ми велат дека не им се верува што вежбам бремена. Но, ова е нешто што го сакам“.

Лили вели дека споделувала видеа од нејзините тренинзи за да ги инспирира другите мајки да вежбаат, но, очекувано, се соочи со критики од загрижените следбеници.

„Не сакам да звучам неучтиво, но дали е воопшто дозволено да вежбаш толку интензивно кога си бремена?“

„Не ми изгледа дека вреди да ја ризикуваш безбедноста на бебето“.

„Дали е ова безбедно“, се дел од коментарите што ги добивала во текот на бременоста.

amerikanka-kritikuvana-od-javnosta-kreva-tegovi-od-155-kg-vo-8-iot-mesec-od-bremenosta-02.jpg

„Добивам многу коментари од хејтери дека не треба да вежбам додека сум бремена и дека тоа ќе го повреди детето. Во живо никој не ми рекол ништо, но дефинитивно ми упатуваат чудни погледи во теретаната.

Ако нешто не ви е јасно прашајте лекар“, вели младата мајка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
„На 23 години имав врска со 80-годишен старец – не ми недостасуваат неговите вилици и лошиот здив“ „Кога сте млади и ќе почнете да се гледате со повозрасни мажи сметате дека сте м...
Млада мајка мета на критики: „Ќерка ми има 8 месеци и е модел – веќе заработи 4.000 долари“ Мајка од САД вели дека ќерка ѝ го добила првиот ангажман на само пет месеци и де...
„Јас сум му вујко на мојот син - донирав сперма за сестра ми да добие бебе“ Млад Британец го споделува своето искуство за тоа како донирал сперма за неговат...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg