Колку ги чини школарината за факултет студентите во 22 земји низ светот?
- Детали
- вторник, 17 јули 2018
Кога станува збор за студирање, многумина знаат дека во САД тоа е вистински луксуз, со оглед на тоа што студентите се задолжуваат со студентски кредити за да си го дозволат.
Но, тоа не е случај секаде, како на пример во нашата земја, каде за државните факултети се плаќа од 200-400 евра годишно.
Според едно истражување на Организација за економска соработка и развој (ОЕЦД), направено за школарината на државните факултети низ светот, најскапи студентски трошоци има во САД, а земјите пак како Данска и Финска воопшто не наплаќаат школарина за нивните студенти.
Во многу европски држави студирањето за студентите од земјите членки на Европска Унија е бесплатно, а за интернационалните студенти се плаќа зависно од земјата и самите факултети.
Во продолжение погледнете колку отприлика чини просечната школарина на студентите на државен факултет за една година, во 22 различни земји:
Австралија – 4.000 евра
Австрија – 780 евра
Канада – 4.225 евра
Чиле – 6.500 евра
Данска – 0
Високото образование во Данска е бесплатно за студентите од Европска Унија и од Швајцарија. За оние кои доаѓаат од друга земја школарината се движи помеѓу 6.000 и 16.000 евра годишно.
Естонија – 0
Жителите на Естонија можат да студираат бесплатно, а англиските програми чинат помеѓу 1.600 и 7.500 евра годишно.
Финска – 0
И во Финска студентите од Европска Унија можат да студираат бесплатно, а останатите плаќаат отприлика помеѓу 4.000 и 13.000 евра годишно, но постојат и стипендии.