Жена и куче лижат ист сладолед - сцена во парк го згрози светот и предизвика лавина коментари
- Детали
- четврток, 12 јули 2018
Близината на жена од Австралија со нејзиното куче го запрепасти светот, но имаше и такви кои ја поддржаа нејзината постапка.
Ако имате миленик, тогаш знаете дека во вашите очи тоа не е само куче, туку е ваш најдобар пријател, сопатник и суштество без него не можете да си го замислите животот.
Но, колку блиску е премногу блиску? Можеби на вашето куче му дозволувате да седи со вас на каучот, додека гледате телевизија, но дали му дозволувате да лиже од вашиот сладолед?
Видео од жена во парк во Австралија која му дава на кучето да лиже од нејзиниот сладолед стана вирално и предизвика низа реакции.
Многу луѓе коментираа дека ги обожаваат своите миленици, но никогаш не би го сториле ова затоа што е одвратно. Некои велат дека е подобро да изела половина од сладоледот, па останатото да му го дала на нејзиното куче.
Додека трети ја поддржуваат и тврдат дека нема ништо погрешно во тоа и дека и тие го прават истото.
Што мислите вие, дали е прифатливо да јадете сладолед кој го лижел вашето куче?
На темата експертите велат дека прво воопшто не треба да му давате сладолед на миленикот затоа што кучињата не можат да ја преработат лактозата во желудникот и поради тоа може да имаат тешка дијареја, па дури и реакции како чешање на кожата.
Наместо сладолед, ако сакате да се забавувате и да го разладите вашето куче, подобро е да му направите ледено лижавче составено од продуктите кои се соодветни за него и вода.
Инаку, кучињата се познати по тоа што го пикаат носот секаде и сакаат да јадат дури и измет од други кучиња и животни, што значи дека во нивната плунка има бактерии.
Размислете дали сакате да закачите некоја бактерија и да завршите со вознемирен стомак.
Сцената со жената од Австралија и нејзиниот миленик:
С. С.| Црнобело