Го изгубил семејството на 10 години: Факти за тренерот на момчињата кои беа заглавени во пештера во Тајланд

Веќе неколку недели вниманието на светот беше свртено кон 12-те момчиња и нивниот тренер, кои беа заглавени во пештера во Тајланд.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-01.jpg

Конечно, мисијата за спасување заврши успешно и сите 12 фудбалери и тренерот се извадени живи од пештерата.

За цело време додека беа заробени, многумина го осудуваа тренерот и го обвинуваа што ги однел таму, додека пак многу од родителите велеа дека да не бил тој, децата немало да преживеат.

Многумина низ светот, како и неговите блиски се обидуваат да доловат колку добар човек е тој и колку е голема неговата улога за децата.

„Тој ги сака момчињата повеќе од сè. Тој не пие, не пуши. Добра личност е која се грижи за себе и ги учи децата на истото.“ – изјавил долгогодишен пријател на тренерот.

Екапол исто така се грижел за момчињата и секогаш ги носел до дома кога нивните родители не можеле да ги земат, бидејќи му биле како семејство, велат изворите.

Па, кој е всушност тренерот на овие деца и каква е неговата улога во преживувањето на децата?

- Неговото име е Екапол Чантавонг, има 25 години и е тренер на фудбалскиот тим Moo Pa.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-02.jpg

- Екапол е сирак кој го изгубил семејството на 10 години заради болест која се проширила низ нивното село во Тајланд.

- На 12 години тој бил испратен во манастир и се велело дека бил тажен и осамен, а потоа учел за да стане монах.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-002.jpg

- За кратко, го напуштил манастирот за да се грижи за неговата баба.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-03.jpg

- Тогаш почнал да тренира млади фудбалери, од кои повеќето пораснале сиромашно и во лошо етничко опкружување.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-04.jpg

- Додека биле во пештерата, иако бил најслаб од групата, тој им ги давал на момчињата своите ограничени количини на вода и храна.

- Тренерот ги научил момчињата како да медитираат и како да задржат што е можно повеќе енергија додека не ги најдат.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-05.jpg

- Вирално се прошири и илустрација која ги прикажува тренерот и 12-те момчиња како медитираат. 

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-007.jpg

- Ги научил и како да пијат вода од ѕидовите на пештерата.

- Во пораката која ја напиша и испрати до родителите и останатите ветува дека ќе се грижи најдобро за децата, се заблагодарува за поддршката и се извинува.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-06.jpg

- Иако беше обвинуван, сепак многу родители и луѓе низ светот му се благодарни што успеал да ги охрабрува момчињата да го издржат тој период.

- Ситуацијата заврши со среќен крај, но никогаш не треба да заборавиме на спасувачот кој го изгуби животот во обид да ги спаси нив. 

- Саман Кунан, за неговото семејство и за целиот свет ќе остане запомнет како херој.

koj-e-trenerot-na-12-te-fudbaleri-i-kako-gi-odrzhuval-vo-zhivot-dodeka-bea-zaglaveni-vo-peshterata-vo-tajland-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Се школувал под лажно име, не смеел сам да оди ни во тоалет: Тажниот живот на синот на Доналд и Мела... По барање на мајка му Меланија, неговото име и лик не смееле да се спомнат на со...
Го испеаја евровизискиот хит „Бандидо“ во 1990 година – Како изгледаат денес сестрите Салазар? Сестрите кои го освоија 5-тото место на Евровизија во 1990 година ја газат седма...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg