Емотивната изјава на таткото кој 18 дена пред пештерата во Тајланд го чекал својот син
- Детали
- среда, 11 јули 2018
За среќа 12-те момчиња и тренерот, кои беа заробени речиси 3 седмици во поплавената пештера во Тајланд, сега се на на безбедно.
Но, за време на овој период, кога не се знаеше дали ќе се пронајде начин како да бидат спасени, нивните родители минаа низ вистински хорор и минаа денови и денови молејќи се пред пештерата за доброто на своите малечки.
Adisak Wongsukchan е татко на 14-годишниот Akarat, кој беше заробен од пештерата. Тој минал 18 дена чекајќи пред пештерата.
Вели дека бил загрижен за неговиот син, како ќе јаде, како ќе живее, дека сакал да го прегрне и да му каже дека е среќен што е жив.
Емотивниот татко вели дека им е благодарен на сите личности кои ги запознал за време на ова тешко искуство и со еден потег ја покажа својата грижа не само за својот син, туку и за сите деца.
„Им ветив на другите родители, на тие што нивните деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно“, изјави тој по спасувањето на неговиот син.
Спасувачката мисија за извлекување на децата се одвиваше на 8, 9, и 10-ти јули и сега сите се на безбедно. Момчињата и тренерот беа заглавени во пештерата од 23-ти јуни.
С. С.| Црнобело