Полицајките во еден либански град ќе носат шорцеви, поради бизарна причина
- Детали
- вторник, 10 јули 2018
Креативната идеја на градоначалникот на еден либански град наиде на негативни критики. Дали е во ред телото на жената да се третира како предмет?
Полицајките во еден град во Либан ќе носат шорцеви со цел да го подобрат туризмот во оваа држава на Средниот Исток.
Градоначалникот на градот Brummana одлучи да ги модернизира униформите на полицајките со цел да предизвика интерес повеќе туристи да го посетат градот, кој ќе наоѓа на 16 километри од Бејрут.
Тој вели дека 99% од туристите носат шорцеви, па овој потег го направил за да се прилагодат и тие и да ја промени сликата за Либан во очите на луѓето од Западот.
Но, неговиот потег наиде и на низа негативни реакции од типот зошто само жените да носат шорцеви, а мажите не и дали женското тело се третира како предмет во оваа ситуација.
Што мислите вие за овој потег?
С. С. | Црнобело