Како Исланд ги натера тинејџерите да им кажат НЕ на дрогата и алкохолот?

Зошто и Македонија да не им помогне на младите и да ги мотивира да се „навлечат“ на спорт, музика, уметност, наместо на дрога и алкохол? Исланд успеа во тоа!

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot01.jpg

Пред 20-тина години тинејџерите во Исланд беа познати како младите кои консумираат најмногу алкохол во Европа и во петок навечер улиците на Рејкјавик, главниот град на оваа држава, беа небезбедни затоа што по нив се движеа групи пијани разбеснети тинејџери, кои лесно можеа да предизвикаат проблем.

Но, ситуацијата сега е сосема поинаква, тврдат ирскиот психолог Гудберг Јонсон и американскиот професор по психологија Харви Милмен. Тие велат дека државата решението го пронашла во изградбата на објекти за забава и рекреација на младите.

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot02.jpg

Во Рејкјавик, а и низ цел Исланд, има лизгалишта на затворено, сали за пинг понг, бадмингтон, базени со геотермална вода, терени за фудбал, патеки за трчање, каде младите може да спортуваат, да го трошат вишокот на енергија и да се дружат.

Плус, во училиштата се нудат низа дополнителни активности по наставата, како музика, танцување и уметност, а и самите родители често минуваат време со децата на пикници и прошетки во природа.

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot04.jpg

Денес, младината на Исланд е позната по тоа што не е склона кон пороци. Во 1998 година процентот на млади што биле пијани во месецот пред испитувањето бил 42%, а во 2016 бил 5%. Процентот на млади кои некогаш користеле марихуана паднал од 17% на 7%. Процентот на млади кои пушеле цигари секој ден паднал од 23% на 3%.

Моделот од Исланд дал одлични резултати и е применет и во низа други земји за подобрување на психичката и физичката состојба на младите, кои во денешно време се под огромен стрес. Исландските психолози дошле до заклучокот дека младите посегнуваат по дрога и алкохол кога не можат да се справат со стресот и им е потребна утеха, кога се соочуваат со депресија или едноставно кога сакаат да бидат т.н. преземачи на ризици и да го прават тоа што гледаат дека и некои други го прават.

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot05.jpg

Харви Милмен ја развил идејата дека луѓето стануваат зависни од промените во хемикалиите во мозокот што им се случуваат кога консумираат супстанции, се тркаат со автомобили или крадат нешто, па така се навлекуваат на алкохол, дрога, секс, калории, кокаин, криминал и што уште не.

Оттаму тој дошол на идеја: „Зошто општеството да не направи луѓето да станат зависни од промените што им се случуваат во хемикалиите во мозокот, но на природен начин, без негативни последици од пороците?“

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot03.jpg

На почетокот од '90-тите Харви стартувал проект во кој на децата им било понудено да ги учат што сакаат, без разлика дали тоа е свирење на инструмент, тренирање карате или танцување хип хоп и да им се обезбеди искуство кое ќе им направи промени во мозокот и ќе им ја намали анксиозноста.

Исланд бил заинтересиран да се обиде да ѝ помогне на својата младина со принципот на Харви и успеа во тоа.

-kako-island-gi-natera-tiunejdzerite-da-im-kazat-ne-na-drogata-i-alkoholot06.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Исповед на скијач кој 23 часа бил затрупан под лавина и преживеал: „Не сум верник, но таа вечер се м... „Знаев дека не смеам да се предадам. Дека не смеам да заспијам, затоа што тоа ќе...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Ослабел 108kg, па пак се здебелил, невестата е 1.300 пати посиромашна од него - Факти за индискиот п... Младоженецот ги оставил сите со подзината уста кога ослабел 108 килограми во 18 ...
Таткото на Бјанка Сенсори, кој бил дел од картел: „Сакам да го прашам Канје зошто ја шета ќерка ми г... „Таткото на Бјанка, Лео, сака да седне со Канје и да го праша што мисли па ја па...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg