Пластичните операции на најпознатите руски инстаграмџики (фото)
- Детали
- вторник, 24 јули 2018
Од вештачки гради до „напумпани“ усни, најпознатите Русинки на Инстаграм не можат да се пофалат со природна убавина.
Тие имаат милиони следбеници на Инстаграм и прикажуваат совршен живот и идеално лице и тело.
Но, дали тоа е реалноста? Дали станува збор за природна убавина или со помош на тон козметички процедури дошле до изгледот што го имаат?
Пластичните операции на најпознатите руски инстаграмџики:
Оксана Самоилова
Има околу 7 милиони следбеници на Инстаграм. Таа е дизајнерка, мајка на 3 деца и промовира здрав начин на живот. Сепак, не е сè толку природно и во нејзините гради има импланти.
Нита Кузмина
Пред 6 години Нита стана позната преку учеството во едно реално шоу. Таа има пластични операции на градите, носот и усните. Има 1.6 милиони следбеници на Инстаграм.
Олесја Малинскаја
Инстаграм моделот и дизајнер има 1.2 милиони следбеници. Има операции на градите, носот и усните.
Марина Мајер
Имаше 1 милион следбеници и успешен руски бизнисмен за сопруг. На себе има низа корекции и тоа на носот, образите, усните, градите итн. За жал, неодамна се повлече од Инстаграм и покрај светската слава.
Алина Лобачева
Алина има само 23 години и повеќе од 820.000 следбеници. Досега има пластични операции на усните и градите.
С. С. | Црнобело