Колку под површината се наоѓа најдлабоката точка во океанот?
- Детали
- вторник, 26 јуни 2018
Дали некогаш сте се запрашале како изгледа животот во мистериозните длабочини во океаните?
Што се крие во најдлабоките делови на дното од океанот, каде само наједноставните форми на живот може да преживеат? Која е најдлабоката точка во океаните во светот?
Во документарната емисија „The Deep“ се истражува токму тоа. Најдлабоката точка е „Mariana Trench“ и се наоѓа во Тихиот океан на длабочина од 11 километри, што е повеќе отколку што е Монт Еверест висок.
Се наоѓа во близина на островот Гуам, кој е територија на САД, и откриена е во 1875.
Но, просечната длабочина на океаните е многу помала и според National Oceanic and Atmospheric Administration (NOAA) изнесува 3.6 километри.
Како и да е, само 10% од океанското дно е истражено, па оваа бројка не е сигурна. Мерењето на длабочината на океаните отсекогаш било тешка задача за истражувачите затоа што колку подлабоко влегуваат толку притисокот на водата е поголем, а светлината и изворите на храна посиромашни.
Дури и на само 1.000 метри длабочина луѓето и повеќето организми со простори во телото исполнети со гасови, како што се белите дробови, може да бидат здробени од притисокот.
Затоа и на дното живеат само организми во најголем дел направени од вода, кои поради недостигот на светлина имаат развиено свој начин на производство на храна преку хемосинтеза.
С. С. | Црнобело