Островот во Исланд на кој не смее да стапне човечка нога (фото)
- Детали
- понеделник, 25 јуни 2018
Знаеме дека човекот по природа е љубопитен, па од таа љубопитност ги истражува и пределите кои би требало да останат диви и недопрени. За среќа, постои еден остров во Исланд кој е забранет за било каква посета.
Surtsey е парче земја, односно остров, кој се формирал во 1963-та после вулканска ерупција која траела цели 3 години.
Сега, земјата се користи за научно истражување и набљудување, односно како ќе се развива како посебен екосистем, без било каква човечка помош и придонес.
На островот смее да стапнат само неколку научници за да ги следат промените, а токму овој факт го прави островот во Исланд едно од најнедостапните места во светот.
Како изгледа „животот“ таму?