Писмо од 22-годишна девојка што се бори со рак: „Сфатете дека привилегија е да си жив“
- Детали
- петок, 22 јуни 2018
Таа знае дека мора да ги состави парчињата од себеси одново и да граба од животот... Сфаќа дека среќата не е ниту во партнерот, ниту во дипломата, туку во самите нас.
Оливија Смит е 22-годишна студентка која минува низ тешка борба со ракот. Таа се соочува со хемотерапија затоа што докторите не ги сфатиле нејзините жалби за болки во градите сериозно и со тоа не ѝ го дијагностицирале ракот во почетна фаза.
Сега, Оливија минува низ тежок период и затоа храбро води дневник на социјалните мрежи за ова животно патување и сака да ја поткрене јавната свест на темата.
Нејзината исповед е навистина инспиративна:
„Кога ми го дијагностицираа ракот бев полна со прашања „Зошто јас?“ и тонев во солзи. Мислев како ќе ми се променат плановите во животот, како да му соопштам на своето семејство и колку ужасно ќе изгледам без коса.
Тогаш сфатив зошто некои луѓе ги држат во тајност овие работи, но јас одлучив да говорам.
Но, верувајте сè додека не се соочиш со вакво нешто не знаеш како да се однесуваш со луѓето што имаат рак. Луѓето сакаа да бидат со мене, да ми дадат поддршка, но вознемирувачки е што на крај завршуваме како јас ги тешам нив за ситуацијата, тоа ме фрустрираше и го напуштав разговорот уште потажна.
Сега го преминав периодот „Зошто јас?“, го прифатив фактот дека на 22 години се борам со рак и научив многу. Да, чувствувам како ракот да ми украде една година од животот, но знам дека сега сум добро, морам да мислам позитивно и да бидам силна.
Верувам дека сè се случува со причина и сметам дека поради ова сега ќе го грабнам животот со двете раце.
Верувам дека мојата иднина ќе биде сосема поинаква, отколку што ќе беше ако не се соочев со ваква болест на млада возраст. Како да бев затапена, а сега чувствувам страст за сè.
Не го кријам фактот дека ја водам најтешката битка во мојот живот и затоа не носам перика. Ми требаше долго време за да сфатам дека ракот не е нешто од кое треба да се срамам, туку дека треба да сум горда што се борам.
Многу сум посамоуверена и среќна што со јавното говорење им помагам и на други луѓе кои минуваат низ истото. Менталниот аспект на ова што ми се случува е најтежок, но сфатив дека понекогаш за да направиш напредок не треба да одиш чекор напред, туку понекогаш доволно е и само да седиш мирно. Среќата не е совршената љубовна врска или факултетска диплома, среќата е да сфатиш што имаш привилегија да си жив.
Се помирив со минатото и не дозволив да ми ја расипе сегашноста. Среќна сум што ми е дадена уште еднаш шанса за живот. Се распаднав, но ги составувам парчињата на нов и подобар начин.“
Прочитајте и тажно, но инспиративно писмо од девојка што ја изгуби битката со ракот, напишано ден пред да почине!
С. С. | Црнобело