Писмо од девојка ден пред да умре од рак: „Ех да имав само уште еден ден живот, луѓе освестете се!“

Ова емотивно и трогателно писмо ќе направи да се запрашате за вистинската смисла на животот.

pismo-od-devojka-den-pred-da-umre-od-rak-eh-da-imav-samo-ushte-eden-den-zivot-lugje-osvetete-se-01.jpg

„На моменти сме незадоволни од животот. Коцките во љубовта, работата и финансиите никогаш не ни се во совршен ред.

Но, треба да се освестиме и да ја промениме перспективата. Што сè имаме, наместо што сè немаме.

Холи Бучер, 27-годишна девојка од Австралија напиша трогателно писмо ден пред да почине од рак.

Таа имала Јуингов сарком, ретка форма на рак, која најчесто ги погодува младите лица.

Холи напиша отворено писмо за сите работи што ги научила за време на оваа тешка битка:

„Чудно е да сфатиш и прифатиш дека на само 26 години си осуден на смрт. Тоа е една од оние работи што ги игнорираш. Деновите минуваат, а ти само се надеваш дека ќе продолжат да доаѓаат, сè додека неочекуваното не се случи. Секогаш се замислував како ќе остарам, со брчки и сива коса, најверојатно предизвикана од убавото семејство со многу деца, кое планирав да го изградам со љубовта на мојот живот. Го сакам тоа толку многу што боли.

Тоа е животот, кршлив, скапоцен и непредвидлив и секој ден е подарок, а не дадено право.
Сега имам 27 години. Не сакам да си одам. Го сакам мојот живот. Среќна сум. Им го должам тоа на моите сакани. Но, контролата не е во мои раце.

Не започнав да ја пишувам оваа белешка „Пред да умрам“ за да започнете да се плашите од смртта, ми се допаѓа фактот што ја игнорираме нејзината неизбежност. Освен кога сакам да зборувам за неа и се третира како табу тема, која никогаш нема да му се случи на никој од нас... Тоа ми е малку тешко. Само сакам луѓето да престанат да се грижат за малите, безначајни стресови во животот и да се обидат да запомнат дека сите ја имаме истата судбина после сè, па треба да направите сè што можете за да го направите вашето време вредно и прекрасно, без глупости.

Во последниве месеци имав многу време да размислувам за животот. Се разбира, среде ноќ е кога овие обични работи ми доаѓаат во главата најчесто.
Во миговите кога цимолите за смешни работи, само помислете дека постои некој кој се соочува со реални проблеми. Бидете благодарни за минорноста на вашите проблеми и надминете ги. Во ред е свесноста дека нешто ве нервира, но обидете се да не го носите наоколу и негативно да влијаете врз другите луѓе.
Откако ќе го сторите тоа, излезете и земете голем здив свеж воздух длабоко во белите дробови, погледнете колку е убаво синото небо и колку се зелени дрвјата. Сè е толку убаво. Помислете само колку сте среќни што сте способни да го правите тоа – да дишете.
Можеби ќе бидете заглавени во лош сообраќај денес или лошо спиевте затоа што вашите убави бебиња ве држеа будни или фризерката ви ја потстрижа косата прекусо. Вашите нови вештачки нокти можеби пукнаа, градите ви се премали или имате целулит на задникот и сало на стомакот.
Дозволете им на сите тие глупости да заминат... Се колнам дека нема да размислувате за тие работи кога ќе биде ваш ред за да си заминете. Сето тоа е толку безначајно кога ќе го погледнете животот во целина. Гледам како телото ми пропаѓа пред моите очи и не можам да сторам ништо во врска со тоа и посакувам да можев да имам барем уште еден роденден или Божиќ со моето семејство или само уште еден ден со моето момче и кучето. Само уште еден.

Слушам како луѓе се жалат колку им е ужасна работата или колку им е тешко да вежбаат. Бидете благодарни што физички сте способни да го правите тоа. Работењето и вежбањето може ви изгледаат како тривијални работи... сè додека вашето тело не ве спречи да ги правите.
Се обидов да водам здрав живот, всушност тоа можеби беше мојата најголема страст. Ценете го вашето добро здравје и функционално тело, дури и ако не е во идеална големина. Грижете се за него и сфатете колку е прекрасно. Движете се и јадете здрава храна, но не се опседнувајте со тоа.
Запомнете дека има повеќе аспекти на доброто здравје отколку само физичкото тело... Работете подеднакво напорно да ја пронајдете својата ментална, емоционална и духовна среќа исто така. Така ќе сфатите колку незначајна работа е совршеното портретирање на социјалните мрежи. Додека сме на темава, избришете го секој профил или страница што кога излегува на вашиот ѕид прави да се чувствувате лошо за себеси. Пријател или не... Бидете безмилосни за свое добро.
Бидете благодарни за секој ден што немате болка и дури и за деновите кога не се чувствувате добро поради настинка, болка во грбот или изместен зглоб, прифатете го лошото и бидете благодарни што не е опасно по живот и ќе си замине.
Жалете се помалку луѓе! И помагајте си еден на друг повеќе.

Давaјте, давајте, давајте. Вистина е дека си посреќен кога правиш работи за другите, отколку кога правиш работи за себе. Посакувам да го правев тоа повеќе. Откако се разболев ги сретнав најпрекрасните луѓе и бев примател на најгрижливите зборови полни со љубов и поддршка од моето семејство, пријатели и странци. Повеќе од што би можела некогаш да вратам. Никогаш нема да го заборавам ова и засекогаш ќе им бидам благодарна на овие луѓе.
Чудна работа е да имаш пари за трошење на крајот.. кога умираш. Тоа не е време кога излегуваш и купуваш материјални работи кои вообичаено би ги купил, како што е нов фустан. Те прави да помислиш колку е глупаво што веруваме дека вреди да се трошат толку многу пари на нови алишта и предмети во животот.
Купете ѝ нешто на вашата пријателка, наместо нов фустан на себеси, козметички препарат или накит за наредната свадба. Никој не се грижи ако ја носите истата работа двапати. Добро е чувството да подарувате. Изнесете ги саканите на оброк или уште подобро пригответе им вие. Сварете им кафе. Купете им цвеќе, масажа или свеќа и кажете им дека ги сакате кога ќе им го давате тоа.
Ценете го времето на другите луѓе. Не дозволувајте им да чекаат затоа што сте лоши во организирањето на времето. Подгответе се порано и ценете го тоа што вашите пријатели сакаат да го минат нивното време со вас, а не да седат сами. Плус, ќе добиете поголема почит.

Годинава со моето семејство се согласивме да нема подароци, иако нашата елка изгледаше тажно и празно (речиси ќе пукнев на божиќната ноќ), беше толку убаво што луѓето немаа притисок да купуваат и труд беше вложен во пишување на убави картички еден за друг. Плус, замислете моето семејство да се трудеше да ми купи подарок, знаејќи дека ќе им остане ним.. чудно! Може ќе звучи чудно, но тие картички ми значеа многу повеќе од кој било импулсивно купен подарок. Подароците не се потребни за значаен Божиќ.
Користете ги вашите пари за искуства... Или барем не ги испуштајте искуствата затоа што ги трошите сите ваши пари на материјални работи.
Вложете напор да го направите тоа патување до плажа, кое го одложувате постојано. Ставете ги стапалата во водата и прстите во песокот. Навлажнете го лицето со солена вода. Излезете во природа.
Обидете се само да уживате и да бидете присутни во моментите, наместо да ги ловите преку екранот на вашиот телефон. Животот не треба да се живее преку екран, ниту во правење на совршената фотографија... уживајте во конкретниот миг, луѓе! Престанете да го ловите за сите други.

Едно реторичко прашање. Дали вредат тие неколку часа што ги губите во правење на вашата коса и шминка секој ден или секоја ноќ пред излегување? Никогаш не го разбирав ова за жените.
Станете некогаш рано и слушајте ги птиците додека ги гледате најубавите бои што ги прави сонцето додека изгрева. Слушајте музика... Навистина слушајте ја. Музиката е терапија. Старата е најдобра. Милувајте го вашето куче. Многу ќе ми недостасува тоа.
Зборувајте со вашите пријатели. Спуштете го телефонот. Дали тие се добро? Патувајте ако имате желба, не патувајте ако немате. Работете за да живеете, не живејте за да работите. Правете ги работите што прават вашето срце да биде среќно. Јадете торта со нула грижа на совест. Кажувајте „не“ на работите, кои не сакате да ги правите.
Не чувствувајте притисок да правите работи што другите мислат дека треба да се прават за среќен живот.. Можеби сакате медиокритетски живот и тоа е во ред. Кажете им на блиските дека ги сакате секој пат кога имате шанса и сакајте ги со сè што имате. Исто така, запомнете дека ако нешто ве прави мизерни имате моќ да го промените – во животот или љубовта или каде сакате. Имајте храброст да направите промени. Не знаете колку време имате на оваа земја, па не губете го чувствувајќи се мизерно. Знам дека тоа сите го велат постојано, но не може да биде поголема вистина. Како и да е, тоа е само совет од една млада девојка. Применете го или игнорирајте го, сеедно, не ми пречи!

Ах и една последна работа, ако можете сторете добрина за човештвото (и мене) и започнете редовно да донирате крв. Ќе направи да се чувствувате добро, плус ќе спасите животи. Сметам дека тоа е занемарено со оглед на тоа што секоја донација спасува 3 животи. Ова е огромно влијание кое секоја личност го има и процесот е навистина едноставен.
Донацијата на крв живот значи за некого, огромен број ќесиња ми помогнаа да живеам уште една година – година за која ќе бидам засекогаш благодарна што ја минав на земјата со семејството, пријателите и кучето. Година во која ги имав некои од најдобрите мигови во мојот живот.

... Додека не се сретнеме повторно.“
Хол

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Бев шпион и спиев со мажи за да изнудам информации од нив – среќна сум што побегнав од тој живот“ „Кога ги гледав другите жени шпиони на возраст од 50-тина години, беа мизерни и ...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg