Храна од 400.000, венчаница од 190.000 евра: Луксузната свадба на 18-годишна руска наследничка
- Детали
- петок, 22 јуни 2018
Ирина Чигиринска, ќерката на рускиот тајкун Александар Чигирински, за која беше нормално на 10 години да добие дијамантски Rolex часовник и летањето со комерцијални авиони ѝ беше хорор, викендов направи луксузна свадба.
18-годишната наследничка, се омажи со 23-годишниот Морис Мирели пред 1.500 гости во голф клуб Agalarof во Москва, кој наводно е во сопственост на пријател на Доналд Трамп.
Од дизајнерска венчаница и скапи и луксузни декорации до шишиња шампањ без дно, музички изведби во живо и кореографски танцови од професионални танчари - очигледно дека за свадбата на Ирина не се штедело на ништо.
https://www.instagram.com/p/BkSR968gANz/?hl=en&taken-by=ira_chigirinskaya
https://www.instagram.com/p/BkLmx7Agc0M/?taken-by=katya_chigirinskaya
Целата прослава се проценува дека чинела околу 1.5 милиони евра, а само венчаницата, која е креација на Zuhair Murad е околу 190.000 евра.
Гостите биле послужени со голем избор на храна во вредност од повеќе од 400.000 евра, а менито вклучувало специјалитети со лосос, секакви видови риби, месо, ирански кајсии, свежи овошја, узбекистански специјалитети, а на масите постојано се носеле изладени француски шампањи.
Секако, не можела да остане незабележана и огромната торта која изгледа како да се држи на кристални столбови.
Атмосферата и гостите на свадбата на ќерката на руски милијардер:
М. М. | Црнобело