Како изгледа девојката која тетовирањето го користи како лечење од депресија?
- Детали
- понеделник, 18 јуни 2018
23-годишната Амбер е зависничка од тетоважи уште од нејзината 16-та година, а денес има 57 цртежи на нејзиното тело и целосно го трансформирала нејзиниот изглед.
Почнувајќи од челото и лицето, па сè до нозете, целото нејзино тело е тетовирано, а таа постојано се фали со уметноста на нејзиниот Инстаграм профил.
Екстравагантната девојка, покрај тетоважите, има и расцепен јазик поделен на два дела, но очигледно отишла предалеку со процедурата за тетовирање на очното јаболко за да има сино око.
https://www.instagram.com/p/BgVfvL1DIqM/?taken-by=amber__luke
https://www.instagram.com/p/BiJDLUqAfpT/?utm_source=ig_embed
По фотосесијата на која таа ги покажа сите ексцентрично означени делови од телото, наиде на многу негативни коментари, кои и претходно ги имала.
„Среќна сум што приказната ми е објавена. Се соочувам со многу негативни критики, но има и позитивни коментари за мојот изглед.“ – напишала таа на нејзиниот Инстаграм профил.
https://www.instagram.com/p/Bj2nMmCgyZ5/?taken-by=amber__luke
Девојката ги советува сите да го прават она што ги прави среќни и да не чекаат на туѓото мислење и коментари.
Интересно е она што го има откриено, дека тетоважите ѝ станале терапија за нејзината депресија и дека воопшто не се кае за одлуката која ја донела да го трансформира нејзиното тело.
Споредувајќи со нејзините фотографии од минатото, таа денес е непрепознатлива, а за нејзиниот тогашен изглед вели дека бил многу здодевен и дека мразела што изгледа така.
Што мислите вие за ова?
М. М. | Црнобело