Зошто повеќе од 2.500 жени голи нурнаа во море во Ирска на 12°C?
- Детали
- вторник, 12 јуни 2018
Интересен настан кој поставува нов Гинисов рекорд, но испраќа и навистина моќна порака.
Во Ирска 6-та година по ред традиционално се одржува настанот „Strip and Dip“. Повеќе од 2.500 жени се соблекоа голи и се нурнаа во морето на изолирана плажа во Ирска за да постигнат нов Гинисов рекорд.
Настанот пред 6 години го лансираше Deirdre Featherstone, која ја извојувала битката со ракот на дојката, а целта му е поткревање на јавното мислење на оваа тема и собирање на добротворни прилози за децата кои се борат со рак.
Сите учесници на настанот се жени кои на каков било начин биле погодени од ракот. Тие сакаат да испратат порака до сите жени на светот дека мора да прават редовни проверки.
Од настанот биле собрани 153.000 евра за донации на заболени од рак.
С. С. | Црнобело