Зошто старите Јапонки намерно сакаат да одат во затвор?
- Детали
- вторник, 24 април 2018
Многу од нив немаат контакт со роднините, дел се незадоволни од третманот во домот, а дел се живеат во голема сиромаштија, па спас наоѓаат во затворот.
Во медиумите неодамна излезе чудна статистика. Една од 5 затворенички во Јапонија е на возраст од 65 години или постара.
И ова не е комплетно изненадување поради фактот што околу 30% од популацијата во Јапонија е над 65 години, но сепак бројката на стари Јапонки во затвор е голема.
Поради проблемот со преголемата популација и фактот дека земјата нема доволно ресурси да се грижи за старите лица, многу жени одлучуваат да направат некое помало криминално дело, како кражба на пример, за да бидат затворени и со тоа да им биде обезбедено место за живот, редовни оброци и чувство на заедништво во затворот.
Извештаите од Токио велат дека дури 40% од постарите лица во Јапонија немаат семејство или изгубиле контакт со роднините, па, колку и да звучи лошо, нивната последна опција за некаква стабилност во животот им е затворот.
Чуварите од затворите велат дека некои жени имаат и дом и семејство, но дома се чувствувале невидливи и како некој кој служел само за да ги извршува домашните обврски.
Покрај осаменоста и домашните односи, проблем на старите Јапонки им се и финансиите и живеењето во сиромаштија.
Чуварите на некои од женските јапонски затвори тврдат дека сè повеќе чувствуваат дека работат во установа за нега на стари лица, а не во поправна установа.
Владата се обидува да спроведе некои мерки за да им обезбеди поддршка на старите Јапонки по излегувањето од затворот, но за жал ситуацијата сè уште не е комплетно решена.
С. С. | Црнобело