Како ми се промени животот по протекувањето на мојата секс снимка - исповед на италијанска пејачка
- Детали
- среда, 11 април 2018
Протекувањето на секс видеото на кое е со своето момче имало разорни последици врз нејзината психа и комплетен тек на живот.
Италијанската Kiara Laetitia (38), која живее во Лондон, е поранешна вокалистка на бендот „Skylark“.
Таа се соочи со протекување на нејзини приватни интимни снимки во јавноста, поради хакирање на телефонот.
https://www.instagram.com/p/BhXGrVDjgrA/?taken-by=kiaralaetitiaofficial
Емотивната исповед на Kiara во медиумите:
„Кога се случи тоа два дена не излегував од дома. Бев шокирана, не знаев како ми се случи. Фанови почнаа да ми испраќаат приватни пораки на социјалните мрежи и така дознав за протекувањето на мојата интимна снимка. Целиот интернет беше преплавен со моето секс видео.
Откако го видов видеото и порнографски фотографии на кои сум со моето момче ги променив сите мои лозинки на социјалните мрежи и на телефонот, но веќе беше предоцна.
Тие беа приватни и направени само за нас. Бев засрамена, чувствував како светот да ми се врти и немав контрола. Почнав да имам панични напади.
Ова дури на некој начин го сметам за форма на сексуален напад. Затоа што за сексуален напад подразбирам нешто за кое нема дадено согласност, а јас дефинитивно не дадов согласност за мојата интима да се прошири на интернет.
Сакам да зборувам јавно за ова затоа што може да му се случи апсолутно секому. Сите го прават тоа, но ме нервира што некој ми ја наруши приватноста комплетно. Никогаш не верував дека вакво нешто може да ми се случи мене.“
Таа постојано пријавува разни интернет страници, како што нејзината снимка осамнува на нив, но тоа е многу истоштувачко.
Во Италија се обидува на правен начин да стигне до хакерот и тој да биде казнет. Но, штетата е направен. Сепак, Kiara успева да остане позитивна и покрај ужасната ситуација.
Открива дека добива многу љубов и поддршка од луѓе кои никогаш не ги запознала во животот. Солидарноста од другите ѝ дава сила да издржи.
Kiara е само една од жртвите на ваков тип на насилство.
Но, постојат и луѓе кои пуштиле свои секс снимки во јавноста поради слава.
С. С. | Црнобело