Специјалитети од тестиси
- Детали
- вторник, 17 август 2010
Во соседна Србија се подготвува седмиот по ред Фестивал на тестисите кој ќе се одржи од 27-ми до 29-ти август во Озрем. Добродојдени се готвачи...
...од целиот свет. Специјалитетите наводно имаат својство на афродизијак, а се подготвуваат од тестиси од бикови, вепар, коњи, ајкули, ноеви, магариња и елени.
Организаторите признале дека ретко стигнуваат готвачи од странски земји, но се надеваат дека ќе привлечат многу туристи за да ги пробаат специјалитетите.
“Препознатливиот бренд – продава. Погледнете како Шкотска е позната по вискито или Швајцарија по сирењето и чоколадите. Се надеваме дека со специјалитети од тестиси ќе привлечеме луѓе од целиот свет“ – вели организаторот Иво Моковиќ.
Оваа година им е дозволено да користат тестиси од сите животни, и желно исчекуваат што ќе подготват најдобрите српски готвачи.
Ако го посетите фестивалот – ќе ви бидеме благодарни ако ни испратите документиран материјал.