Србија: Теле со две глави?
- Детали
- петок, 06 август 2010
Кравата на Радомирка Тимотијевиќ од Србија во саботата донесе на живот теле со две глави! "Велат дека вакво нешто се случува еднаш во 20 години...
... но таквите телиња обично брзо умираат, но ова преживува веќе 5-ти ден", изјави г-ѓата Радомирка, истакнувајќи дека телето не може да цица бидејќи му пречи другата глава.
"Го хранам со млеко од шише, баш како бебе", додава таа. Едната глава на ова теле е нормална, додека другата е прилепена и не е комплетно формирана.
Ветеринарот Реџеп Личин објаснува дека за време на создавањето дошло до соединување на две телиња во едно, кое денес едното носи две глави. "Ова е типичен пример кој покажува дека неконтролираното парење доведува до деформитети", вели Личин, напомнувајќи дека кравата е оплодена од бик со непознато потекло.
Тој вели дека телето засега има шанси да живее, но не е исклучена можноста за хируршко отстранување на другата глава, што воедно е и голем ризик.