Девојка за нејзиниот 30-ти роденден наместо забава, организирала „погреб на нејзината младост“

Сите имаат различен начин и желба за прославата на родендените, но една девојка навистина отишла во крајност со нејзиниот бизарен начин на прославување.

devojka-za-nejziniot-30-ti-rodenden-namesto-proslava-organizirala-zhalenje-za-nejzinata-mladost-01.jpg

Мила Блатова од Русија, одлучила да направи нешто поразлично оваа година за нејзиниот јубилеен роденден кога наполнила 30 години.

Па, наместо да го прослави тоа што полни 30 години и може да се каже дека станува жена и да направи забава, таа решила дека треба да „жали“ заради тоа што ѝ поминала младоста.

devojka-za-nejziniot-30-ti-rodenden-namesto-proslava-organizirala-zhalenje-za-nejzinata-mladost-05.jpg

„Мојата идеја дојде оттаму што не сакав да ми поминат ’20-ите години и да сфатам дека сум стара.

Поентата беше на интересен начин да го прифатам новото поглавје во мојот живот, а екстремната драма на фотографијата беше копирање на Крис Џенер во едно меме што го видов.

Барав мрачен моден пресврт и драматичен начин за мојот роденден.“

devojka-za-nejziniot-30-ti-rodenden-namesto-proslava-organizirala-zhalenje-za-nejzinata-mladost-03.jpg

„Погребот на нејзината младост“ е обоен во црно - црни балони, црна облека, црн кармин и шминка, црни додатоци.

На фотките може да се забележи дека Мила сака да се издвои на уникатен начин од толпата и очигледно е дека ужива во драмата на нејзиниот живот.

Иако се збогува со својата младост, таа си вети дека ќе ги живее ’30-ите години од животот со многу авантури, патувања, но и дека ќе се грижи за нејзините две мали синчиња.

Русинката ги советува сите кои нервозно се приближуваат до „30-ката“ да не се плашат и да се забавуваат на секоја возраст, користејќи го максимумот на годините.

devojka-za-nejziniot-30-ti-rodenden-namesto-proslava-organizirala-zhalenje-za-nejzinata-mladost-002.jpg

Иако нејзината идеја не била со лоша намера и има позитивна цел, сепак има многу негативни коментари од луѓето кои ја прочитале нејзината приказна.

Некои велат дека не разбираат зошто луѓето се плашат да пораснат. Животот не е само за забава, туку и за работа, знаење, родителство и уште многу други работи кои треба да се искусат како возрасен.

Други пак, ја критикуваат заради тоа што смета дека на 30 години престанува да биде млада, а под млада, мислат на љубопитна, желна да проба нови работи, да продолжи да учи и да се стреми кон подобрување и да, да се забавува.

Извор

Би можело да ве интересира:

Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Исповед на жена: „Родена сум од сурогат мајка – Како тоа се одрази врз мојот живот?“ „Моите родители беа многу богати и живеевме во прекрасни палати. Материјално не ...
Детали за претсвадбената прослава на синот на најбогатиот Индиец (фото) За време на 3-дневната прослава, гостите требало да почитуваат строг дрес код за...
На 13 години ајкула ѝ ја одгризала раката, денес е една од најпознатите сурферки – Инспиративната пр... Бетани Хамилтон научила да сурфа на само 3-годишна возраст и веќе од 8-иот роден...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg