Зошто Кина е горда на оваа убавица? (фото)
- Детали
- четврток, 15 март 2018
Прекрасната Лиу Вен постојано реди успеси и се дружи со луѓе од А-листата, како што е тенисерот Роџер Федерер.
Лиу Вен е жена која е прва во многу работи. Таа е првиот источноазиски модел што работи за Victoria's Secret, првата Кинезинка која се нашла на насловната страница на американското издание на магазинот Vogue и првата Азијка која се нашла на листата на Forbes на најскапо платени модели.
И додека дел од успехот на Лиу може да се припише на растечкиот фокус на модната индустрија на кинеските потрошувачи, таа, исто така, работи неверојатно напорно за тоа. Моделот постојано е на релација Њујорк – Пекинг.
Родена е во градот Yongzhou и вели дека никогаш не планирала да стане модел. Победила на избор за модели на 17 години, каде се пријавила затоа што главната награда била компјутер.
Сакала професија со која ќе патува низ светот. Кога започнала да се појавува на светски ревии воопшто не знаела англиски јазик, но кусо потоа започнала да чекори со Миранда Кер и Хајди Клум на шоуто на Victoria's Secret.
Во 2013 моделот заработи 4.3 милиони долари и се најде на листата на магазинот Forbes. Минатата година заработи 6.5 милиони долари и сè е уште е на листата на најплатени модели на светот.
Како изгледа прекрасната Лиу:
С. С. | Црнобело