Светот се збогува со Стивен Хокинг - чудото на медицината
- Детали
- среда, 14 март 2018
Стивен Хокинг, кој важеше за вистинско чудо на медицината, во раните утрински часови почина мирно во својот дом во Кембриџ.
Тој беше англиски теориски физичар и космолог, најпознат по неговата работа и истражувања за црни дупки и релативност.
Стивен во животот има напишано неколку популарни научни книги и се сметаше за еден од најголемите научници на сите времиња.
Освен тоа, на 21 година му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), а докторите тогаш му дале уште 2 години за живот.
Сепак, тој ги надмина очекувањата и предвидувањата на медицината и живееше долг живот за кој велеше дека сака да го искористи максимумот од секоја минута во него.
Во јануари годинава, Стивен Хокинг наполни 76 години, а почина на 14 март, два месеца подоцна.
Неговите блиски луѓе, познаници, луѓе кои работеле со него, како и фанови, жалат што загубија таков брилијантен ум и се благодарни за сè што направил за светот.
?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.bbc.com%2Fnews%2Fuk-43396008&tfw_creator=BBCWorld&tfw_site=BBCWorld
?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=http%3A%2F%2Fwww.bbc.com%2Fnews%2Fuk-43396008&tfw_creator=BBCWorld&tfw_site=BBCWorld
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





