Како ресторан што не постои стана ресторан број 1 во Лондон на TripAdvisor?

Приказната како Уба Батлер ја изманипулира јавноста ќе ве натера два пати да ги проверувате информациите што ви се сервираат на интернет.

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-01.jpg

Во Лондон се појави уникатен ресторан во кој беше речиси невозможно да резервирате маса. Тој победи илјадници ресторани на рангирањето на TripAdvisor, предизвика огромен интерес и заврши на првото место.

Но имаше само еден мал проблем  - тој не постои.

„The Shed at Dulwich“ беше креиран од писателот фриленсер Уба Батлер, кој го користел својот дом како инспирација. Тој го ставил својот измислен ресторан на TripAdvisor, ставил низа лажни позитивни критики и успеал да го вметне во врвот на рангирањето на лондонските ресторани на овој сајт.

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-02.jpg

Неговата приказна го заобиколи светот и нè потсети како во ерата на интернетот лесно можеме да бидеме наведени да веруваме во лажна реалност.

Потегот на Уба дефинитивно прави да се замислиме за сите информации што ги читаме секојдневно, за агресивниот маркетинг и леснотијата со која пропагандата ни го пере мозокот.

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-06.jpg

Батлер во креирање на лажната слика за ресторанот отишол дотаму што обезбедил телефонски број на кој примал резервации, креирал веб сајт за ресторанот со уникатно мени базирано на емоции, фотографии од вкусните јадења што се приготвуваат таму итн.

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-05.jpg

Како локација ја ставил улицата на која живее, но не навел точна адреса со објаснување дека ова е ресторан каде се оди само со однапред направени резервации.

Ресторанот во мај 2017 година бил одобрен на TripAdvisor и Уба ги натерал своите пријатели и роднини да пишуваат пофални зборови за неговата ексклузивност, комфорност и да го оценуваат со 5 ѕвездички.

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-03.jpg

Наскоро луѓе започнале да се јавуваат за резервации, а Уба постојано ги одбивал со оправдувања дека ресторанот е преполн во наредниот период.

Тој дури ги прашувал колку Инстаграм следбеници имаат за да процени дали се доволно високо на социјалната скала за да присуствуваат во ресторанот, па дали познаваат одредени луѓе и низа други работи.  

kako-restoran-shto-nepostoi-stana-restoran-broj1-vo-london-na-tripadvisor-04.jpg

На телефон му се јавувале луѓе од целиот свет, познати личности и блогерки и добил дури 89.000 прегледи во еден ден и во месец ноември 2017 место број 1 на најпосетуваниот туристички сајт TripAdvisor.

Погледнете ја неговата неверојатна приказна:

I Made My Shed the Number One Restaurant on TripAdvisor

The Shed at Dulwich was the number one rated restaurant in London, with foodies, celebrities and bloggers trying to get a table. The main obstacle for them, however, was that it didn't exist. Here's the journey into a false reality that captured the world's attention.

Posted by VICE on Monday, January 22, 2018
" data-width="630" data-show-text="false">
I Made My Shed the Number One Restaurant on TripAdvisor

The Shed at Dulwich was the number one rated restaurant in London, with foodies, celebrities and bloggers trying to get a table. The main obstacle for them, however, was that it didn't exist. Here's the journey into a false reality that captured the world's attention.

Posted by VICE on Monday, January 22, 2018

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Бараше да му биде извршена евтаназија, но почина мирно во својот дом – Светот се простува од Ален Де... Неговите деца цела година водеа жестока битка за тоа како треба да се лекува акт...
„Јас и сопругот сме нудисти – луѓето мислат дека организираме развратни забави, но тоа не е точно“ Неколку нудисти, вклучувајќи и брачен пар, откриваат кои митови за нивниот начин...
Најубавиот Арап на светот: Тврди дека го протерале од Дубаи затоа што е премногу згоден, успеал да г... Со својата убавина „маѓепсува“ жени ширум светот. Со измама дошол до титулата „н...
Добри уметници, но лоши родители - Славни личности кои не разговараат со своите деца 50 Cent го споредил својот син со змија. Религијата во која членува Том Круз не ...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg