Тие не чувствуваат болка: Во Италија постои семејство „суперхерои“ со синдром именуван според нив
- Детали
- понеделник, 22 јануари 2018
Скршеници на коски и посипување со премногу студена или врела вода, за нив не претставува сериозен проблем, често дури и не го забележуваат тоа.
Тие се обично италијанско семејство. Постара мајка со две ќерки од кои секоја има свое семејство. Но, тие се разликуваат од сите други на светот по нивното ретко, генетско нарушување.
Шест членови од семејството Марсили (Marsili) речиси не чувствуваат болка и тоа главата на семејството 78-годишната Марија Доменика, нејзините ќерки Летиција и Марија, како и нивните деца Вирџинија, Лудвиг и Бернардо.
Летиција откри дека уште во детството забележала дека имала висок праг на толеранција на болка. Луѓето околу неа во текот на животот дури започнале да ја викаат „супержена“.
Таа вели дека во нивното семејство имало дури и неколку пати кога некој ќе скршел коска и нема да забележел. Тоа на пример и се случило на нејзината мајка.
Летиција
Летиција открива дека еднаш си го исчашила зглобот на ногата за време на еден зимски одмор, но мирно го поднела тоа и останала уште две седмици на одмор.
Нејзиниот син Бернардо еднаш паднал од велосипед, си ја скршил раката и воопшто не го забележал тоа. Повредата ја открил дури кога коската започнала да му заздравува.
Сестрата на Летиција, Марија, неколку пати си истурила жешки пијалаци врз себе, но не забележала.
„Ние чувствуваме болка, но со многу помал интензитет од останатите и таа трае само неколку секунди“, откри Летиција.
Научниците се заинтересирале за овој феномен и во текот на истражувањето пронашле мутација на генот ZFHX2.
Тие откриле дека нервниот систем кај членовите на ова семејство реагира поинаку отколку оној на другите луѓе и велат дека ако ја пронајдат причината за отсуството на болка, може ќе успеат да создадат нова генерација на лекарства против болка.
Во меѓувреме научниците оваа генетска мутација ја нарекле синдром Марсили (Marsili), според презимето на семејството.
Членовите на семејството велат дека откако станале свесни за нивниот синдром внимаваат повеќе за да не се доведат во опасност.
С. С. | Црнобело