Училиште во Бразил без предмети, наставници и домашни, каде децата се среќни, паметни и талентирани
- Детали
- четврток, 23 ноември 2017
Дали некогаш сте помислиле како изгледа училиште во кое нема класични наставници, часовите не се поделени, не постојат одделенија, ниту распоред.
Звучи лудо, но предизвикувачки, а за децата би бил вистински рај да одат во вакво училиште и да не пишуваат домашни задачи.
Верувале или не, такво училиште навистина постои и се наоѓа во Бразил.
Дознајте нешто повеќе за училиштето Lumiar:
Успешен бразилски бизнисмен, Рикардо Семлер, го отворил првото Lumiar училиште во 2003-та. Претходно, тој речиси 20 години водел голема компанија каде го вовел автономен систем на работа.
Успешниот резултат од активностите помеѓу вработените, го натерал да го тестира истиот систем и во образованието на децата.
Учењето се базира на лична и колективна одговорност, а учениците добиваат практично знаење кое е поврзано со реалниот живот.
Нема наставници – само тутори и мастери
Семлер дошол до заклучок дека професијата на наставниците во модерно време веќе не игра важна улога.
Знаењето на наставникот, во споредба со знаењето на Google е неспоредливо, па затоа постојат 2 типа на ментори во училиштето:
Тутор е оној кој се грижи за детето, заинтересиран е за случувањата во неговиот дом, напредокот на училиште и општо за неговиот живот. Му помага да го запознае светот, да решава прблеми и да наоѓа одговори на прашањата кои го интересираат.
Мастер е оној кој му помага на детето при работа на проект и е одговорен за знаењето на детето. Тој можеби нема специјално образование или дилома, но неговото знаење е значајно, како и пасијата за работата.
Нивната возраст може да биде различна, а првите мастери биле пензионери – со голема мудрост и слободно време.
Нема одделение и групи поделени по старосна возраст
Децата во ова училиште се приклучуваат на групи според интересите и проектите во кои сакаат да бидат инволвирани. Секое дете ги извршува своите задачи за кои е заинтересиран и помладите секогаш можат да научат нешто од постарите деца.
Нема часови и предмети – има проекти
Во училиштето нема постојан распоред со предмети кои учениците ги учат. Наместо тоа, учениците смислуваат проекти на кои сакаат да работат и ги развиваат своите вештини. Еден проект трае отприлика 2 месеци, а има различни теми како готвење, дел од хемијата, жанр од музика итн.
Децата имаат неограничени можности
Училиштето има отворен простор за учениците, библиотека, секаква опрема и најважно од сѐ – им нуди слобода на децата. Ако сакаат, тие можат да седат на клупа, на под или на земја. Не постојат строги правила, важно е децата да го прават и учат тоа што го сакаат и ги исполнува.
Нема тестови за посебни делови, туку се оценува сеопфатно
На секои неколку часа, децата сами си ја евалуираат работата. Мастерите и туторите исто така ги надгледуваат и проценуваат колку од материјалот научите. Секој ученик има детално портфолио во кое е објаснето неговото знаење заедно со сите вештини кои еден ден ќе може да ги искористи.
Нема домашни, туку желба за учење
Од децата не се бараат класични домашни задачи, туку детето само одлучува како ќе учествува во проектот. Тоа може да учи само во училиште, или доколку има желба да чита дополнително нешто дома, или пак, да гледа филм на таа тема и да истражува на интернет.
Во ова училиште нема обврски, туку можности. Овде децата ги откриваат своите таленти во сферата во која сакаат да се развиваат и надоградуваат.
Успехот на децата од ова училиште е многу подобар од оној во регуларните училишта, а методот на предавање се смета за една од најиновативните педагошки одлуки во светот.
M. M. | Црнобело