Ричард Бренсон: Убивањето животни заради месо наскоро ќе престане
- Детали
- вторник, 03 октомври 2017
Ричард Бренсон, Бил Гејтс, Кимбал Маск, Дон Томпсон и други светски милијардери инвестираат во еколошка и поздрава алтернатива на денешното производство на месо.
Тие се свесни дека сите ние сме одговорни за зачувување на животот на нашата планета, па решија да направат нешто со кое ќе му стават крај на убивањето животни кои стануваат храна.
Колку повеќе луѓе купуваат месо, толку е поголема потребата за живинарски фарми. Со тоа, се зголемува и потребата од пасишта каде животните се хранат, а поради оваа причина, се уништуваат милиони хектари шума низ светот.
Според Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите Нации, речиси една третина од земјиштето во светот се користи како пасиште. Дополнително на ова, околу 51% од вкупните стакленички гасови се предизвикани од живинарската индустрија, што значи дека тоа придонесува и за загадување на воздухот и загревање на целата планета.
Познатите милијардери, на чело со Ричард Бренсон, инвестираа во алтернативен начин за производство на месо. Станува збор за производство кое не вклучува размножување, хранење и убивање на животните.
Компанијата во која тие инвестираа се нарекува Memphis Meats и произведува месо и месни производи од клетките на животните. Од компанијата сметаат дека иако месото не може целосно да се исфрли од исхраната на луѓето, постојат поздрави и еколошки начини за негово производство.
Овој процес на производство на месо од клетките на животните е и побезбеден за луѓето бидејќи на животните не им се ставаат инјекции и хормони во организмот. Бренсон, заедно со останатите светски бизнисмени, имаат за цел да ја променат свеста кај луѓето за да може во иднина убивањето на животни да се смета за застарен чин.
М. В. | Црнобело