Контроверзна шминка инспирирана од ураганот Ирма ги разлути сите на Твитер
- Детали
- петок, 15 септември 2017
Убаво е да се задржи ведрината во тешките моменти, но некои луѓе ја преминуваат границата и од сè сакаат да направат тренд.
Додека ураганот Ирма пустошеше низ Флорида, шминкерката Кали Харлоу се обиде на нелогичен начин да ја подигне свеста за помош на настраданите семејства. Таа креираше изглед инспириран од страшната природна катастрофа и го сподели тоа на нејзиниот Твитер профил.
https://twitter.com/KalElizabeth29/status/906592667198480385/photo/1
Шминката, односно боите на сенката за очи наликува на изгледот на ураганот снимен со сателит. Фотката веднаш доби илјадници негативни коментари од луѓе кои се прашуваат како може некој да си поигра со ваква сериозна работа.
Многумина беа лути од овој гест на шминкерката и коментираа дека ова е очаен начин да привлече внимание во кризни моменти. Харлоу се обиде да објасни дека не мислела ништо лошо со оваа фотка, но на крај се извини за целата ситуација која предизвика контроверзии.
М. В. | Црнобело