„Немам предни заби, но не се срамам да ја покажам насмевката – сакам да ги инспирирам жените“

Мејкап артистка од Канада ги изгубила предните заби на горната вилица во велосипедска несреќа. Но, наместо да се крие, таа објавува видеа со трансформации со шминка и сака да им покаже на жените дека можат да изгледаат убаво, без разлика на нивните недостатоци.

nemam-predni-zabi-no-ne-se-sramam-da-ja-pokazham-nasmevkata-sakam-da-gi-inspiriram-zhenite-01.jpg

Без сомнение, забите се карактеристика што ја забележуваме најпрво кај другите луѓе, дури и несвесно. Поради ова, изгледот на забите има огромно влијание врз самодовербата.

Сепак, не секој има холивудска насмевка, а некои, од разни причини, дури и ги губат забите.

Сара Андрес од Канада е 36-годишна мејкап артистка која ги изгубиле предните два заба на горната вилица во велосипедска несреќа.

Иако таа сега има вештачки заби, на нејзините Инстаграм видеа неретко покажува и како изгледа без нив.

Сара најчесто објавува трансформации со шминка, а пред да го открие крајниот резултат, го покажува нејзиниот природен изглед, без заби.

Честопати се соочува со критики, но Сара вели дека целта ѝ е да им ја врати самодовербата на жените кои немаат совршена насмевка.

„Почнав да се интересирам за шминка кога бев околу 25 години. Со часови гледав Јутјуб видеа и вежбав и уште учам. Онлајн добивам многу позитивни коментари, што е одлично. Има и лоши коментари, но не им обрнувам многу внимание бидејќи секогаш има повеќе љубов од омраза.

Видеата се забавни за правење – сакам да бидам креативна со шминката. Ги објавувам онлајн бидејќи сакам да правам видеа со шминкање, па сметам дека во нив ќе уживаат и други жени.

Ако можам да направам која било жена да се чувствува подобро за себе, тоа е бонус. Само сакам жените да бидат свесни дека се убави, без разлика за недостатоците кои сметаат дека ги имаат“, открива Сара.

nemam-predni-zabi-no-ne-se-sramam-da-ja-pokazham-nasmevkata-sakam-da-gi-inspiriram-zhenite-02.jpg

Оние кои ја критикуваат сметаат дека со шминката и вештачките заби, Сара лаже за својот изглед.

Но, повеќето имаат само комплименти за нејзината храброст, ја гледаат како инспирација, а некои и ја споредуваат со Мараја Кери кога ќе се нашминка.

Дел од трансформациите на Сара:

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Зошто многу мажи во Јапонија им ја даваат целата своја плата на жените? Голем дел од мажите во Јапонија веруваат дека нивните сопруги добро и одговорно ...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg