10-те најскапи парфеми
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2017
Постојат многу козметички производи кои жените ги употребуваат за да се чувствуваат убави и попривлечни, но ниту еден производ не може да се спореди со парфемот.
На пазарот постои голем избор на парфеми, од скапи дизајнерски, до евтини копии, но само неколку парфеми можат да се вклучат во класата на најскапи парфеми.
10-те најскапи парфеми во светот:
10. Jar Z (Bolt of Lightning) - 682 евра
Мирисот наводно потсетува на мирисот на воздухот после невреме, а е комбинација од зелени и цветни тонови.
9. Joy Perfume for Jean Patou - 713 евра
Хенри Алмерас дизајнирал парфем кој е комбинација од рози, јасмин, сандаловина, праска и други цветни ноти.
8. Caron Poivre - 891 евра
Комбинација од црвен и црн бибер, каранфилче и други зачински билки кои доаѓаат во шише од кристалот „Baccarat“.
7. Hermes 24 Faubourg - 1.337 евра
Иланг-иланг, портокал, јасмин, ванила и ирис „заробени“ во шише направено од скапоцени кристали.
6. Ralph Lauren Parfume Notorious - 3.156 евра
Мирисот е комбинација од црна рибизла, бергамот, пачули и ванила.
5. Baccarats Les Larmas, Sacress de Thebes - 6.063 евра
Шише во облик на пирамида, изработено од кристалот „Baccarat“.
4. Royal Arms Diamond Edition Parfume by Floris - 13.375 евра
Комбинација на рози, ванила, пачули и ирис која доаѓа во шише украсено со 18 каратно златно ланче.
3. Ora Ito's - 40.126 долари
Комбинација на лилјан, пеонис и рози сместени во шише од „Baccarat“ кристали и 18-каратно злато.
2. Clive Christian Imperial Majesty - 387.890 долари
Високата цена е резултат на ретките состојки на мирисот и шишето кое направено од „Baccarat“ кристали, украсено со 5-каратен бел дијамант и 18-каратно злато. Мирисот е комбинација од бела праска, сандаловина, бергамот, индиски јасмин и цитрус. Во светот постојат само 10 парфеми.
1. DKNY Golden Delicious Parfume - 891.543 евра
Најскапиот парфем на светот е комбинација од јаболка, сандаловина, бел мускат и други ноти кои го одземаат здивот, а парфемот доаѓа во шише со облик на јајце од бело и жолто злато, украсено со дијаманти.
Н. Г. | Црнобело