Фонтана ди Треви во 2017-та заработи 1,4 милиони евра од фрлени парички
- Детали
- четврток, 20 април 2017
Тешко дека некој не слушнал за Фонтана ди Треви во Рим, или пак не ја посетил доколку имал шанса.
Кога се зборува за Рим, Фонтана ди Треви е во топ 5 атракциите кои мора да ги видите и посетите.
Туристите веруваат во легендата дека фрлањето паричка во фонтаната ќе им ги исполни желбите.
Но, што кога ќе ги соберете сите парички кои биле фрлени во текот на 1 година? Колкава е нивната вредност?
Оваа 2017-та година фонтаната „заработила“ 1,4 милиони евра.
Целиот приход со години оди во добротворни цели.
Фонтаната имала помала заработка во 2014-та и 2015-та година, кога локалните власти решија да ја обноват.
Реставрацијата на Фонтана ди Треви ја фасцинираше модната куќа Фенди, која својот роденден минатата година го прослави со ревија над самата фонтана. Сигурно и тоа има голем удел во милионската заработка.
М. Д. | Црнобело