Крај на љубовната приказна: Клепетан сè уште не ѝ се вратил на Малена
- Детали
- петок, 07 април 2017
Љубовната приказна на штрковите Клепетан и Малена важи за една од најубавите љубовни приказни на хрватските простори, но се чини дека на истата дојде крајот.
После 14 години, Клепетан сè уште не пристигнал во гнездото на Малена, а чуварот на Малена, Стјепан, се плаши дека навистина дошол крајот на нивната љубовна приказна.
Минатата година Клепетан доцнеше цела една недела, а оваа година сè уште го нема. Тогаш Малена упорно го одбиваше додворувачот, чекајќи го својот Клепетан.
„Минатата година заради лошото време во Грција неговото летање по патот долг 14.000 километри беше забавено, но сепак, после една недела пристигна. Оваа година јасно е дека го нема, нешто сигурно му се случило“ - изјавил Стјепан.
Останува надежта дека Клепетан можеби ќе се врати, но сега засега тоа не се случило.
Н. Г. | Црнобело