Што прави згодната русокоса по зимувањето со принцот Вилијам? (фото)
- Детали
- понеделник, 20 март 2017
Двете девојки кои беа на скијање со принцот Вилијам во Швајцарија, ветиле дека нема да даваат никакви изјави и нема да зборуваат во јавноста.
Вилијам беше во придружба на Софи Тејлор и Рози Пит, две згодни девојки од кои само едната посебно го привлече вниманието, односно онаа која е австралиски топлес модел.
Софи сега е фотографирана на своето работно место, како служи храна во луксузен хотел бар.
24-годишната русокоса работи во Farinet хотелот, додека принцот Вилијам им се врати на своите должности покрај Кејт Мидлтон во Париз.
Софи, која беше со Вилијам во ноќен клуб, има соработувано со австралиска агенција за модели и има позирано топлес за фотографот Glen Krohn, а се верува и дека е во сериозна врска.
М. Д. | Црнобело