Жена со синдром на мачкини очи го исполни својот сон да стане модел
- Детали
- вторник, 14 март 2017
Кејтлин Стикелс е 29-годишен модел, актерка и пејачка која е родена со Шмид-Фракаро синдром кој е уште попознат и како синдром на мачкини очи.
Станува збор за ретко хромозомско нарушување кое може да предизвика отсуство на ткиво од обоениот дел на очите (заради кои може да изгледаат како на мачка) и појава на расцеп на непцето.
Стикелс можеби не влегува во оние „традиционални“ стандарди за убавина, ама неодамна се појави во неверојатен едиторијал за магазинот „V“ откако беше откриена на Инстаграм.
Фотосесијата е дело на професионалниот фотограф Ник Најт.
„Соработката со Ник беше нешто за кое никогаш досега не сум сонувала да бидам искрена. Никогаш не сонував да бидам модел и дел од модната индустрија. Отсекогаш се воодушевував на модата како начин на уметничко изразување, а оваа соработка за мене беше најубавото нешто во мојот живот“ - објаснува Кејтлин.
Н. Г. | Црнобело