Дете од 55 години
- Детали
- понеделник, 26 април 2010
Ова единаесетгодишно момче е всушност 55 години старо! Хари Кратер веројатно е единственото момче на светот кое боледува од атипичен синдром...
... на прогерија, поради која неговото тело старее 5 пати побрзо од неговите врсници.
Тој е роден 1999 година, но на неговта кожа веќе почнале да се појавуваат старечки бори како на лице кое се наоѓа во зречите години од животот.
Тој е свесен за својата болест и фактот дека можеби и нема да го доживее својот 18 - ти роденден, но тој сепак е разиграно, позитивно и весело момче кое се дружи со своите пријатели.
По цел ден трча, го вози својот омилен скејтборд и плива. Животниот сон, како што вели тој, е да стане гусар.
Но, спеак тој мора да ги пие лековите против болка 4 пати на ден, оди на хидротерапија и редовни прегледи во локалната болница.
"Тој знае што се случува. Тој го познава своето тело, знае што може, а што не. На крајот од денот, кога си легнува во кревет, тој е само едно обично момче, како сите други", вели неговата мајка.