Бабичка на 106 години стана најстарата невеста во светот
- Детали
- понеделник, 06 февруари 2017
Една пензионерка од Бразил се спротивстави на советите од докторите и стана најстарата личност која некогаш се верила и разменила брачни завети, на 106 години.
Владемира Родригез му кажала „Да“ на својот 66-годишен партнер, Апаресидо Дијаз Јаков и покрај советите на лекарите да не го прави тоа.
Вљубените бабичка и дедо кои заедно имаат 172 години имаат одвоени соби во пензионерскиот дом „Nossa Senhora Fatima“ во Пирасунунга, југоисточен Бразил.
Тие се решени да докажат дека својата сродна душа можете да ја најдете на секоја возраст и покрај тоа што лекарите ги предупредуваат дека заради нивната возраст не би можеле да живеат сами заедно.
Но, сепак, старите љубовници си разменија прстени благодарение на волонтери кои работат на проектот „Project of Dreams“.
„Не можат да стапат во брак, па смисливме друг начин нивниот сон да го претвориме во реалност. Направивме мала церемонија во пензионерскиот дом.“ - вели волонтерката Фабин Зафалон.
Во Бразл вереничкиот се става на третиот прст на десната рака, а кога личноста ќе стапи во брак истиот прстен се става на левата рака на прстот каде обично се става бурмата.
Инаку, невестата за својот сопруг вели: „Многу го сакам. Ако тој умре и јас ќе умрам.“
Н. Г. | Црнобело