Драга, ти пишувам од Титаник

Патникот Адолф Сафелд го опишал вечерното мени, лулањето на бродот и луксузот на првата класа само 5 дена пред потонувањето на историскиот...

 

...брод Титаник.

Неговото писмо, иемнувано како "драга моја", продадено е за 55.000 фунти на аукција во Британија, што е рекордна цена за писмо од "Титаник".

Го купил музеј чие име не е објавено. "Тргнавме попладне, со мало возбудување. Огромната сила на нашата парна машина ги скина конопите на соседниот брод 'Њујорк' и одвај избегнавме судир.

Веројатно за тоа можеше да прочиташ во весниците. Времето е фино и мирно, небото облачно. Во првата класа не' има само 370 патници и бродот, барем засега, плови мирно. Не ми беше лесно што мораше да останеш дома, но ќе те земам со мене во следната прилика.

draga-ti-pisuvam-od-titanik

Долго шетав по палубата и дремнав околу 5 часа. На бродот е и музичката група која свири за време на служење на чај, но јас сепак заминав на верандата на кафе и леб со путер. Чекав да платам, но тогаш сфатив дека храната и пијалоците за патниците од прва класа се бесплатни.

За вечера имавме супа, филети од риба, телешки бут со карфиол и пржени компири, коктел 'менхетен' со јаболко и рокфор. Испив и две кригли пиво и испушив две цигари во собата за пушење", напишал  Сафелд.

Исто така, тој додава дека не може да верува дека се наоѓа на огромниот брод, бидејќи "освен малите вибрации" имал впечаток дека е на копно.

Би можело да ве интересира:

Вилијам и Кејт објавија нова божиќна семејна фотографија - Потсетува на фотката од Хари и Вилијам од... На новата празнична фотографија, кралското семејство е во опуштено издание, обле...
Снег во Хрватска, поплави низ Централна Европа – морничави фотографии и видеа од циклонот Борис Викендов земјите од Централна Европа се соочија со поројни дождови и поплави как...
Познати личности чии деца починале Сообраќајка, задушување, ретки болести, предозираност...Ова се само дел од причи...
Мајка ѝ ја добила во афера, секогаш бира постари мажи - Како внуката на Борис Елцин стана скандал-де... Таа е петта внука на рускиот претседател Борис Елцин. На 17 години започна врска...
„Имам 33 години и сè уште сум невина – Кои 10 особини мора да ги поседува некој маж за да ме освои?“ „Во минатото се срамев да им кажам на луѓето и лажев, па велев дека не сум невин...
Постои ли најбезбедно седиште во авионот и кое е тоа (според професори за аеронаутика)? Сте помислиле ли кое седиште во авионот е најбезбедно за седење? Професори на ун...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg