Норвешка сака да ѝ подари врв од планина на Финска за 100-тиот роденден од независноста

Веројатно нема да слушнете подобар пример за дарежлива земја од Норвешка. Оваа земја планира за 100-иот роденден од независноста на Финска да ѝ подари врв од планина.

norveshka-kje-i-podari-vrv-od-planina-na-shvedska-za-100ot-rodenden-od-nezavisnosta-01.jpg

„Ја добив идејата уште во 1972-та година кога правев гравитационо истражување на областа“ - вели Бјорн Гер Харсон, пензиониран геофизичар.

„Забележав дека највисоката точка во Финска е на рид, а за Норвешка на планина, па решив да напишам писмо на Министерството за надворешни работи и предложив подарок од Норвежаните за луѓето од Финска да биде врв од планина“ - додава тој.

norveshka-kje-i-podari-vrv-od-planina-na-shvedska-za-100ot-rodenden-od-nezavisnosta-1.jpg

Не постои посебна потреба за овој подарок и токму тоа е неговата цел, да покаже дека дарежливоста треба да биде присутна во сите држави.

„Низ целиот свет ќе најдете земји кои се борат и војуваат за да ги зголемат своите земји, но во овој случај, Норвешка е подготвена да даде мал дел од својата земја без да бара нешто за возврат“ - додава геофизичарот.

„Ова е подарок од срцата на Норвежаните до Финска, па не очекуваме ништо за возврат. Само сакаме да им подариме нешто убаво кога ќе наполнат 100 години како слободна нација“.

Промената на границата ќе биде само 31 метар и со исклучок на неколку политичари, целата земја е согласна за овој потег.

Сепак, прашање е дали промената во границата ќе биде возможна, бидејќи уставниот закон на Норвешка не го дозволува тоа.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш веќе нема да учествувам во Secret Santa на работа – купив скап подарок, а добив кутија чоко... „Знам дека е Божиќ, некои луѓе можеби нема да добијат ниту еден друг подарок, па...
Бебе херој: Се родило во петтиот месец тешко само 410 грама, а сега го прослави првиот роденден Сите ѝ рекле дека на бебето му нема спас и да се прости со него, но во мигот ког...
Гласини за убиства, силувања и дивеење – Мрачните тајни на најбогатото кралско семејство во светот Еден член на кралското семејство го уби својот слуга среде Лондон, а подоцна се ...
„Шетаат боси во канцеларија, одат голи во сауна: Што ме изненади најмногу кај Финците?“ „Она што не го знаев сè додека не се преселив таму е дека културната норма е во ...
Исповед на мајка: „Ќерка ми јаде малтер, сунѓер или ткаенини – исцрпувачки е 24 часа да внимавам, но... Знаете ли што е Пика синдром и кај кои деца најчесто се јавува? Зошто одеднаш не...
Сакала живот како принцеза, но доживеала кошмар – Тажната приказна на келнерка која се омажи за шеик На 19 години мислела дека го нашла „принцот на бел коњ“ кога се омажила за принц...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg