Huffington Post: Македонската храна е скриено богатство
- Детали
- понеделник, 23 јануари 2017
Лишал Кауфер е жената која воодушевена од македонската кујна и храна, пишува само пофалби за престижниот Huffington Post.
Имам мисија да ги откријам некои од најдобрите светски рецепти, па ќе започнам од малку познатата Македонија.
Под влијание на балканското непце, ситни карактеристики од Медитеранскиот начин на исхрана и по некоја жичка од Блискиот Исток, вклучувајќи само квалитетни производи од домашна почва, Македонската храна е преполна со вкусови и разновидност.
Многу рецепти се правени на идентичен начин со векови, префрлајќи се од генерација на генерација, заедно со тајните пред кои со задоволство би симнала капа.
Ова се некои од класичните македонски специјалитети кои ќе му зборуваат на вашиот стомак ѝ пеат на вашата душа.
Ракија
Океј, ова не е баш некој специјалитет, но е некој вид на локално бренди, па е важно на трпезата. Се смета за национален пијалак и луѓето низ земјата прават сопствени верзии на ракија за да си ги задоволат вкусовите, користејќи локални плодови и овошја за да создадат различни вкусови и ароми.
Полнета Охридска пастрмка
Ако ја посетите Македонија, ставете си потсетник да го посетите и Охрид каде мора да ја пробате кафеавата пастрмка. Таа е специјалитет во македонската кујна и често се користи во супи, чорби и други ручеци. Оригиналниот рецепт вклучува полнење од спанаќ, сирење, павлака и јајце, па потоа се пече на фолија.
Тавче гравче
Уште едно познато јадење во македонската храна кое се смета за национален специјалитет. Тавче гравче обично значи грав испечен во глинен сад и е измешан со разни зеленчуци, зачини и најважниот македонски зачин - црвен пипер. Вегански е, без глутен, лесен за подготовка и здрав. Се служи топло, како единствен рецепт за ручек или како прилог на некое месо. Ви препорачувам да уживате во него заедно со зелка салата.
Пастрмајлија
Малку наликува на занаетчиска пица, така што пастрмајлијата се прави во печено овално лепче. Обично има месо исечено на мали коцки, а понекогаш се служи и со две јајца врз месото. Овој рецепт е толку важен за Македонците, што имаат посебен настан наречен Пастрмајлијада.
Сарма
Ова не звучи како нешто што ќе нарачате без двоумење, но верувајте, кога еднаш ќе го пробате ќе бидете среќни. Едноставно е - направено од мелено месо, ориз, зеленчуци и локални зачини, свиткано во листови зелка. Традиционално, зелката се остава посолена 2-3 месеци за да ги добиете ваквите листови. Сармата е убава и ако се послужи со неколку лажици павлака.
Зелник
Лиснато тесто кое е парче рај во устата. Деликатната пита е крцкава, а однатре мека, полнета со фета сирење, праз, јајца, спанаќ и мелено месо. Сосема доволно.
Тулумба
По масивните солени специјалитети, има само еден начин да се засладите и тоа е македонскиот омилен десерт - тулумба. Овие мали, ригасти, овални парчиња тесто се потопени во шербет и понекогаш се пропрскани со јаткасти плодови.